Нови случаи на семејно насилство: закани со дрвен предмет во Прилеп, ќотек во Скопје
Маж се заканувал со дрвен предмет на малолетно девојче од Прилеп, а сопруг ја натепал сопругата и ја зел малолетната ќерка со себе, се двата евидентирани случаи на семејно насилство во денешниот полициски билтен
Жена од Прилеп пријавила дека нејзината малолетна ќерка била изложена на закани со дрвен предмет на улицата „Тризла“ во градот.
„Случајот бил пријавен на 7 ноември 2026 година, во 19:30 часот, во ОВР Прилеп. Триесет и шестгодишната С.К. пријавила дека заканите кон нејзината ќерка ги упатил Е.А., татко на нејзиниот вонбрачен сопруг“, информира МВР.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На 07.11.2026 на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Џ.Б.(30) од Скопје по претходна пријава од неговата 22-годишна сопруга дека физички ја нападнал по што ја зел нивната малолетна ќерка“, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…
НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…
СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…
Договорот за испорака на руски дизел во…