Нови тензии: Германија протера руски дипломат

Германската влада протерала службеник од рускиот конзулат во Минхен поради сомневање дека се занимавал со шпионажа, пишува „Шпигел“.
Вработен во конзулатот во Минхен е прогласен за „персона нон грата““, се вели во написот.
Како што беше прецизирано, дипломатот наводно бил вработен во Руската служба за надворешно разузнавање.
Се посочува дека тој е уапсен во рамките на истрагата против Русинот Илнур Н. кој работел на еден од германските универзитети, а чие апсење беше најавено минатата година. Оваа недела беше објавено дека Сојузното обвинителство на Германија поднело обвинение против Илнур Н. поради шпионажа во корист на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Фолксваген укинува 35.000 работни места во Германија…
Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе…
Саудиска Арабија ја предупредила Германија за осомничениот…
Саудиска Арабија ја предупреди Германија за човекот…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…