Новоговор: Ѓорѓиев вели дека Бугарија не била фашистичка туку профашистичка зема – смееме да кажуваме окупација

t

Може да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација, зашто Бугарија не била фашистичка земја, профашистичка да, меѓутоа фашистичка не, вели за РСЕ копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев.

– Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што, од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија – додава вели Ѓоргиев.


Тој вели дека досега како Комисија немале средба со премиерот Димитар Ковачевски, а за новиот пристап којшто го најавија македонскиот и бугарскиот премиер додава:

– Да, се наметна едно такво чувство кога стана збор за формирање на дополнителни групи во процесот на разговорите со Република Бугарија, меѓутоа уште не почетокот ние зазедовме јасен став дека историската комисија не може да го следи тоа темпо и да има средби секој месец, така што договорот е да имаме шест средби годишно. Минатата година беа договорени пет, значи додадовме уште една средба плус во текот на оваа година со цел да придонесеме кон динамиката на процесот на разговори со Република Бугарија и тоа е оптималното наше работење, бидејќи и меѓу средбите ние имаме многу работа во однос на усогласување на ставови, записници итн. Така што, на годишно ниво ќе имаме шест средби.

Тој оценува дека новиот ентузијазам повеќе се должи на динамиката на работата на Комисијата.

– Тука јас гледам дека можеби можеме да помогнеме, а како ќе течат работите во разговорите во самата комисијата тоа е веќе друго прашање – вели копретседателот на историската комисија со Бугарија.

Во однос на црвените линии, Ѓоргиев вели дека постојат академски црвени линии во работата на Комисијата и дека тие точно знаат до каде може да одат во однос на тоа што е досега утврдено, каде треба да се сопре и околу што треба да се дебатира, додека декларациите усвоени од двете собранија само повеќе и наштетиле на работата на Комисијата.

За тоа дали бугарските колеги од Комисијата инсистираат на тоа дека заедничката историја подразбира дека Македонците до 1945 година биле Бугари, Ѓоргиев вели дека имале судир во однос на тоа и дека тој термин е употребен во Договорот во членот што зборува за историската комисија и не е дефинирано што се подразбира под таа синтагма заедничка историја.

– Тие подразбираат дека станува збор за историја на еден народ, односно на бугарскиот народ која започнала кон средината на деветтиот век кога првото бугарско средновековно царство ја освојува територијата на Македонија. Според нив, тогаш се случува трајна етничка хомогенизација меѓу прабугарското население кое е дојдено од исток и словенското население кое живее на овие простори, се создава бугарскиот народ и оттогаш до 1944 година, тоа е историја само на еден народ, односно на бугарскиот народ – одговара Ѓоргиев, во интервју за РСЕ.

Значи македонскиот народ, појаснува Ѓоргиев, според ставовите на најголем дел од бугарската историографија, е создаден со, како што велат, инженеринг на Комунистичката партија на Македонија и на Југославија, на Коминтерната и на Тито.

– Ние веднаш апсолутно го одбивме таквото дефинирање на синтагмата заедничка историја и дури инсистиравме со колегите да посветиме посебно внимание на тој термин, да го дефинираме што значи заедничка историја, меѓутоа од бугарските колеги тоа беше одбиено и сега синтагмата заедничка историја останува како една од пречките во нашето дефинирање на некои препораки, и во учебниците и за заедничко чествување – вели Ѓоргиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бразилската полиција ловеше наркобосови: 13 лица загинаа…

Најмалку 13 лица загинаа кога полицијата во…

Полскиот премиер бара Норвешка да го дели…

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, говорејќи на младински…

(ФОТО) Морничаво: Ова е момчето кое направи…

18-годишен маж отвори оган во основно училиште…

Алијанса за Албанците: ДУИ ги направи албанските…

Синоќешниот инцидент во Чаир во којшто учествуваа…

Македонците од Албанија го одбележаа 24 Мај…

Етничките Македонци од Пустец и Албанија денеска…