НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА: Евакуирани телевизии, загрозени авионски летови, се истражува можна координирана операција
Нов бран закани со поставени експлозивни направи предизвика сериозни нарушувања во повеќе европски држави, откако заканувачки пораки пристигнале до телевизиски редакции и авиокомпании во Ирска, Велика Британија, Бугарија, Франција, Данска и Чешка.
Според „Ројтерс“, закани добиле ирската национална телевизија RTÉ, британскиот Sky и бугарската Nova TV, поради што биле активирани безбедносни процедури и евакуирани делови од редакциите.
Во Софија, полицијата ја евакуирала редакцијата на Nova TV и извршила детална проверка на објектот. Не биле пронајдени експлозивни направи, а телевизијата продолжила со емитување.
Ирската RTÉ привремено ја прекинала редовната програма, емитувајќи музика и снимена порака во период од речиси три часа.
Заканувачките електронски пораки содржеле предупредување дека експлозија ќе се случи во рок од 45 минути, а биле потпишани од лице кое се претставувало како Михаил Андропов.
Во пораките бил употребен и насловот „Порака до Западот“, што дополнително ги зголемило сомнежите за можни политички мотиви.
Истовремено, европските воздухопловни власти продолжуваат да се справуваат со серија лажни закани насочени кон патнички авиони.
Во изминатите денови повеќе летови биле пренасочени, а аеродромските служби биле принудени да спроведуваат дополнителни безбедносни проверки.
Шпански претставници ги опишаа ваквите инциденти како можна форма на хибридна агресија и психолошко војување.
Сепак, истражителите засега не утврдиле кој стои зад заканите, ниту дали тие се дел од единствена координирана операција.
Ирскиот премиер Мајкл Мартин повика на смиреност, нагласувајќи дека надлежните служби продолжуваат да ги истражуваат инцидентите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…