Објавено на:

Нов корона coј oткpиен на Кипар: Делтакрон – еве што треба да знаете

t

Нова варијанта на коронавирус со име „Делтакрон“ е откриена на Кипар, објавија локалните медиуми во саботата.

Варијантата има слична генетска позадина со варијантата Делта, како и некои од мутациите од Омикрон, објасни д-р Леондиос Кострикис, раководител на лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирологија на Универзитетот во Кипар, пишува Кипар Меил.

Вкупно, 10 од мутациите од Омикрон се пронајдени во 25-те примероци земени на Кипар. 11 од примероците се од лица хоспитализирани поради вирусот, додека 14 од општата популација.

Кострикис теоретизираше дека фактот дека фреквенцијата на мутацијата кај хоспитализираните пациенти е поголема може да укаже на корелација помеѓу новата варијанта и хоспитализирањата.
Кипарскиот министер за здравство Михалис Хаџипанделас во саботата изјави дека новата варијанта во моментов не е нешто за што треба да се грижи и изрази гордост на научниците од земјата што ја откриле новата варијанта.

„Извонредните истражувања и наодите на тимот на д-р Кострикис не прават горди на нашите научници бидејќи ова истражување го става Кипар на меѓународната мапа кога станува збор за здравствени прашања“, рече Хаџипанделас, пренесува Кипар Меил.

Кипарското Министерство за здравство планира да објави повеќе информации за новата варијанта на прес-конференција на почетокот на неделата. Научното име на новата варијанта засега не е објавено.

Најавата за новата варијанта доаѓа само една недела откако во Франција беше откриена нова варијанта на коронавирус позната како IHU. Експертите изјавија дека IHU се чини дека не е причина за загриженост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица починаа, 151 нов случај на…

Во последните 3 дена (од 27.05 до…

НЕМА ПОЧИНАТИ: Ова е најновата Ковид 19…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Северна Кореја регистрираше скоро 2 милиони пациенти…

Пред само една недела го пријавија првиот…

Позната е новата ковид статистика

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи…

Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со…