Објавено на:

Северна Кореја регистрираше скоро 2 милиони пациенти со грозница за само една недела

t

Пред само една недела го пријавија првиот случај.

Северна Кореја регистрираше скоро 2 милиони пациенти со грозница за само една недела откако беа потврдени првите официјални случаи на Ковид-19.

Симптомите на грозница се потврдени кај уште 262.000 луѓе во среда, објавија државните медиуми. Вкупно, забележани се речиси 2 милиони случаи на Ковид, од кои 1,2 милиони веќе се опоравиле. Бројот на починати се зголеми од еден на 63 во земјата која има речиси 26 милиони жители.

Експертите велат дека земјата нема доволно капацитет да тестира за Ковид-19, па затоа пријавува случаи на грозница. Светската здравствена организација претпоставува дека не е спроведена вакцинација во земјата која е речиси изолирана од остатокот од светот.

Пјонгјанг минатиот четврток официјално го потврди првиот случај на Ковид-19.

Во изминатите две години, Пјонгјанг спроведуваше стратегија за нулта ковид, така што границите на земјата беа затворени рано во пандемијата. Сега, владата воведе затворање низ целата земја, предупредувајќи ги жителите за опасностите од варијантата омикрон, споделувајќи совети за третман и правила за да се избегне инфекција, пренесе „Индекс.хр“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…

Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…

Иранската гарда соопшти дека го „погодила“ американскиот…

Иранската револуционерна гарда соопшти дека го нападнала…

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза…

Израел и Хамас се согласија за првата…

Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква…

Израел е способен да постигне каква било…

Генералниот секретар на ОН предупредува: Светот се…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…