Нов напад на Израел над Сирија: Еден војник е мртов, неколкумина се повредени

Израелската армија синоќа гаѓаше радари и противвоздушни системи на територијата на Сирија како одговор на истрелувањето на противвоздушна ракета која експлодираше над Израел, соопшти прес-службата на воената прес-служба.
„Откако во воздух (над територијата на Израел) експлодираше противвоздушна ракета истрелана од Сирија, израелската армија ги нападна противвоздушните системи во Сирија. Меѓу целите беа сириски радари и противвоздушни батерии кои испукаа проектили врз израелски Авиони на воздухопловните сили“, се наведува во соопштението.
Според командата на сириската армија, во нападот загинал еден војник, а петмина се повредени. Нанесена е и материјална штета. Нападот бил извршен од правец на Либан. Сириската воздушна одбрана успеа да собори неколку ракети.
Израел периодично напаѓа воени објекти во Сирија, објаснувајќи дека не сака да дозволи модерното оружје да падне во рацете на непријателот, пред се на либанското движење „Хезболах“, кое се бори на страната на Башар Асад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…
Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…