Нов пожар во РЕК Битола!
НОВ ПОЖАР ВО РЕК БИТОЛА
Густ канцероген чад повторно ја покри Пелагонија! Овојпат гореа стари транспортни траки, несовесно фрлени на „старо депониште“. Ова е жив доказ за криминалното и дилетантско управување со индустриски отпад. – пишуваат од зелениот сектор на партијата Левица
Ваквите хаварии станаа секојдневие, а не исклучок! Под раководство на партиските послушници од ДПМНЕ и СДС, РЕК Битола е претворен во отворена еколошка бомба, која ја труе најплодната рамнина во државата и ги убива граѓаните.
Битола и Пелагонија се на прво место по смртност од малигни заболувања како последица на континуирано изложување на канцерогени ПМ-честички, диоксини и фурани. Додека граѓаните се гушат и заболуваат, партиските полтрони си обезбедуваат фотелји и тендери.
Христијан Мицкоски со гордост се фалеше со „новото раководство“ на РЕК, но повторно се покажа дека станува збор за неспособни партиски кадри, без никакви стручни компетенции да управуваат со оваа еколошка катастрофа.
Каде е одговорноста за неспособното раководство. Каде се современите стандарди за индустриски отпад и заштита на животната средина?, стои во објавата на Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов пожар во РЕК Битола!
НОВ ПОЖАР ВО РЕК БИТОЛА Густ канцероген…
„Бучавата продолжува“: Студентите повикуваат на нова блокада…
Студентите кои го блокираа Филозофскиот факултет во…
(Видео) Силно невреме ја погоди Црна Гора…
Силна бура го погоди црногорскиот брег утрово,…
Османи: Ајде да потпишеме меѓупартиски договор и…
Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир…
Филипче до младите: Време е повторно да…
Д-р Венко Филипче вчера во Струмица на…