Филипче до младите: Време е повторно да ја исправиме Македонија на темелите на АСНОМ

t

Д-р Венко Филипче вчера во Струмица на младите им порача дека младите и членовите на СДСМ се тие што во најтешки моменти ја држеа цврсто црвената линија на демократијата и дека повторно е дојдено време за исправување.

„Јас не ветувам лесен пат. Но ветувам борба. И таа борба ќе ја водиме со главата високо, со гордост што сме наследници на асномската идеја за слободна, праведна и солидарна Македонија,“ порача Венко Филипче, претседател на СДСМ, на собирот на младите социјалдемократи во Струмица.

Филипче испрати силна порака на мобилизација:
„Младите и членовите на СДСМ се тие што во најтешки моменти ја држеа цврсто црвената линија на демократијата. Денес, повторно дојде време за исправување.“

Тој предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, во партизација, непотизам и злоупотреби додека граѓаните, особено младите, сè повеќе чувствуваат дека иднината им се одзема.
„Нашата задача е јасна – да ја подигнеме партијата, да ја вратиме надежта, и да им покажеме на луѓето дека СДСМ е силата што знае да ја исправи државата.“ – рече Филипче.

Во таа мисија, потенцираше Филипче, централна улога имаат младите социјалдемократи и ангажираното членство:
„Нивната енергија на терен, во секое маало, во секое семејство, е она што ќе ја разбуди надежта кај разочараните и кај оние што замолкнале. Сега е моментот повторно да се собереме, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата и ќе ја врати државата во рацете на народот.“ – заврши тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…