Нов предизвик за преживеаните во Турција: Се повеќе луѓе бараат лекарска помош поради овој проблем
Сè поголем број пациенти страдаат од посттрауматско стресно растројство и напади на паника, откако го преживеаја минатонеделниот земјотрес во Турција и Сирија.
Лекарите од турската теренска болница во јужниот град Искендерун рекоа дека лекуваат се повеќе луѓе кои преживеале огромна траума по земјотресот, објави Ројтерс.
Се вели дека некои од нив, откако биле извлечени од урнатините по многу часови во студ и темнина, откриле дека членовите на нивните семејства починале или исчезнале, а дека некогаш раздвижените населби во кои живееле биле претворени на купишта скршен бетон.
Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 37.000, а земјотресот и последователните потреси уништија цели градови во двете земји, оставајќи ги преживеаните без покрив над главата и на силен студ, а многумина се борат да најдат засолниште и основни услови за живот.
-Првично пациентите беа оние кои беа повредени под урнатините, а сега се повеќе пациенти доаѓаат со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН), по сите шокови низ кои поминаа за време на земјотресот и она што го видоа, вели Бина Тивари.
Таа додаде дека многу луѓе доаѓаат со напади на паника.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
12-годишно дете нападнато во училиште во Гостивар
На ден 16.10.2026 во 16:20 часот во…
За шест часа санкциониран 541 возач за…
Вкупно 541 прекршок за управување возило со…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Шефот на бугарската полиција вели дека нема…
Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива…