Објавено на:

Нов проект на Бил Гејтс: Ќе инвестира 15 милијарди долари во Европа и САД, ова се деталите

t

Американскиот јавно-приватен фонд Breakter Energy Catalyst (BEC), поддржан од милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, наводно планира да инвестира 15 милијарди долари во проекти за чиста технологија низ САД, Обединетото Кралство и Европската унија.
Климатскиот фонд БЕЦ, основан од Гејтс во 2015 година, досега има собрано повеќе од 1,5 милијарди долари од компании и добротворни организации, а Џон Голдман, извршен директор на фондот, изјави за Фајненшл Тајмс (ФТ) дека фондот на крајот планира да инвестира 10 пати износот, или 15 милијарди долари.
Во интервју за ФТ, Голдман изјави дека фондот има намера да користи иновативни финансиски структури и договори за партнерство за да сподели 15 милијарди долари, пренесува CNBC.
На веб-страницата на фондот, BEC е опишан како програма што покажува како можеме да финансираме, произведуваме и купуваме нови решенија кои ќе го поддржат развојот на економија со ниска потрошувачка на јаглерод.
Фондот првично ќе се фокусира на финансирање проекти за директно зафаќање на емисиите на јаглерод диоксид, зелен водород, долгорочно складирање енергија и одржливо воздухопловно гориво.

БЕЦ, кој планира да инвестира во големи проекти кои инаку не би биле финансиски остварливи, ќе ја спроведе програмата преку филантропски донации, потоа со инвестирање во акции котирани во потесни, посебни пазарни сегменти и преку договори за купување производи, велат од ФТ.
БЕЦ во септември објави дека обезбедил средства за инвестиции од „Мајкрософт“, „Блеккрок“, „Џенерал моторс“, „Американ ерлајнс“, „Бостон консалтинг груп“, „Банк оф Америка“ и „Арцелор Митал“. Тој доби поддршка и од американското Министерство за енергетика и Европската комисија, јави Танјуг


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс се огласи на Твитер: Јас…

Деви Шридар е американски истражувач за јавно…