Нов Скандал: Шолц и сопругата фрлале доверливи документи во „ обично“ ѓубре
Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата сопруга Брита Ернст, министерка за образование на покраината Бранденбург, фрлиле доверливи документи во „обичното“ ѓубре на нивниот приватен стан, пишува неделникот „Шпигел“.
Тајните документи биле пронајдени расфрлани откако лисици ги искинале вреќите за отпадоци.
Така соседите наводно ги пронашле интерните документи од последниот Самит на Г7.
Дополнително, во корпата за отпадоци на канцеларската двојка биле пронајдени и страници од календарот на првиот човек на германската влада, печатени мејлови, па дури и нацрти за говор, пренесува медиумот.
Најнезгодниот документ што бил фрлен, без претходно да биде уништен, бил документот од Самитот на Г7, кој содржел кратки профили на партнерите.
Во еден од доверливите документи како што пренесува неделникот, за сопругата на италијанскиот премиер во заминување Марио Драги, Марија Серенела Капело, се вели дека ја избегнува јавноста.
Неколку документи беа означени како „VS доверливо“, што е највисок стандард за владините документи. Според системот за класификација, документите мора да останат во просториите на официјални владини згради или да се носат на службени патувања.
Двојката се најде на удар на критики во Германија, особено поради тоа што и двајцата имаат повеќедецениско искуство во политиката и јавниот сервис.
Шолц, кој ја презеде функцијата во декември 2021 година, се соочи со домашни и меѓународни критики во последниве месеци поради ненадејните зголемувања на трошоците за живот, заедно со очигледниот неуспех да ги снабдува украинските војници со тешко оружје и покрај ветувањата за поддршка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран официјално ги потврди нападите врз три…
Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти…
Денеска се празнува Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…