Објавено на:

Иран официјално ги потврди нападите врз три објекти, медиумите тврдат дека Трамп „блефира“

t

Иранските власти потврдија дека три нуклеарни објекти во земјата биле нападнати, но сè уште официјално не го објавија обемот на штетата, додека иранските државни медиуми ги нарекоа нападите на американските сили „непроверени извештаи“ и тврдеа дека американскиот претседател Доналд Трамп „блефира“ кога вели дека САД целосно го уништиле нуклеарниот објект Фордо.

Според иранската државна телевизија, оштетени се само два тунела на влезот во објектот и еден излез, објавува Би-Би-Си.

Заменик-гувернерот на Исфахан, Акбар Салехи, изјави дека воздушната одбрана во Исфахан и Кашан работела синоќа за да се соочи со непријателот, објавува новинската агенција Мехр. Тој рече дека се слушнале неколку експлозии во Натанц и Исфахан.

„Сведоци бевме на напади во близина на нуклеарните објекти Исфахан и Натанц“, рече тој. Мортеза Хејдари, портпарол на службата за управување со кризи во покраината Ком, каде што се наоѓа објектот Фордо, потврди дека имало напад врз дел од објектот, но подоцна рече дека целата покраина е „целосно мирна“. Неколку медиуми во Иран, според Би-Би-Си, објавија дека „експлозиите не биле толку гласни“.

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека американските сили извршиле напад врз иранскиот нуклеарен погон Фордоу и го уништиле целосно, како и дека ги бомбардирале постројките во Натанц и Исфахан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…

Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

Иран подготвува нова стратегија за напади врз…

Иран започнал да применува нова стратегија за…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…