Објавено на:

Нов фронт против Нетанјаху: Двајца поранешни премиери ги спојуваат партиите

t

Поранешните израелски премиери Нафтали Бенет и Јаир Лапид најавија заеднички политички настап на претстојните избори во Израел, преку обединување на нивните партии, јавува Анадолу.

Според соопштението од кабинетот на Бенет, процесот на обединување ќе започне со спојување на партијата „Јеш Атид“ на Лапид и политичката структура на Бенет во нов субјект, кој ќе го предводи Бенет како кандидат за премиер.

Во соопштението се наведува дека целта е зајакнување на државата преку обединување на реформскиот блок, намалување на внатрешните поделби и создавање поцврст опозициски фронт пред изборите.

Овој потег се оценува како обид за консолидација на опозицијата, која настојува да настапи обединето против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Парламентарните избори во Израел се очекува да се одржат во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов фронт против Нетанјаху: Двајца поранешни премиери…

Поранешните израелски премиери Нафтали Бенет и Јаир…

Нетанјаху нареди жестоки напади врз Хезболах во…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, им нареди…

Гаши: Време е за отворени листи –…

Сѐ погласни се барањата за воведување отворени…

Иран погуби маж обвинет за врски со…

Иранските власти соопштија дека утрово е погубен…

ЕУ наскоро би можела да воведе санкции…

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро,…