Иран погуби маж обвинет за врски со израелска разузнавачка служба
Иранските власти соопштија дека утрово е погубен маж обвинет за соработка со израелските разузнавачки служби за време на големите протести во јануари.
Според судските органи, станува збор за Ерфан Киани, чие погубување било спроведено по одлука потврдена од Врховниот суд. Информацијата ја објави судското издание „Мизан“.
Киани бил обвинет дека учествувал во операција организирана од Мосад за време на протестите во покраината Исфахан.
Властите наведуваат дека тој бил вклучен во повеќе насилни дејствија, меѓу кои уништување имот, палење, поседување и употреба на молотови коктели, носење ладно оружје, блокирање патишта и напади врз полицијата.
Ова е деветто погубување поврзано со јануарските протести од 19 март наваму.
Иранската влада претходно соопшти дека во немирите загинале повеќе од 3.000 лица, оценувајќи ги како „терористички акти“ зад кои стојат странски фактори, вклучително и САД и Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…