Норис: Добив инструкции тоа да го направам, Пјастри заслужи да победи!

t

Ландо Норис беше блиску до победа во трката за Големата награда на Унгарија, но во самиот финиш на трката ја послуша тимската наредба и му овозможи на Оскар Пјастри да го мине и обезбеди триумф на Хунгароринг.

Секако овој потег на Мекларен и целата ситауција донесе доста коментари затоа што Норис со победа дополнително ќе ја намалеше предноста во генералниот пласман во однос на лидерот и актуелен Ф1 шампион, Макс Ферстапен.

На Британецот не му беше сеедно, меѓутоа на крајот ја прифати одлуката на тимот.

– Тимот побара од мене тоа да го направам и јас тоа го направив.

– Навистина одличен ден за нас, за тимот. Тоа е главната причина што сум задоволен. Долг е патот до сето она што го направивме. Оскар имаше добар старт, беше блиску до мене, ме претекна и добро ја контролираше трката. Мислам дека заслужи да победи, – порача Ландо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…