Ова е новиот состав на Комисијата за заразни болести

t

Од денеска Комисијата за заразни болести има нов состав и со неа ќе раководи д-р Александар Петличковски, објави министерот за здравство, Беким Сали.

Како што кажа Сали на денешната прес-конференција, донел решение за следниот состав на Комисијата:

Претседател на Комисијата е Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија, и тој доаѓа на местото на Жарко Караџовски кој што останува член на Комисијата, а во неа се и Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мехмети од ИЈЗ, Калина Старделова од Гастро, Невзат Елези од Медицинскиот факултет на Тетовскиот универзитет, Дугаџин Османи од ИЈЗ, Иринка Сотирова Бухова, Катерина Ставриќ од Детска клиника, Милена Стевановиќ од Инфективна клиника, Фадил Цана и Звонко Миленковиќ од Инфективна клиника, Марија Димзова и Илир Демири од Инфективна клиника, Виктор Исјановски од Здравствен дом Скопје, Лилјана Деспотовска Ристовска од Санитарен инспекторат, Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија, Арбен Лабаништа од клиниката за ТБЦ, Марија Дуганова од „8 септември“, Сузана Маневска од Министерство за здравство, Јованка Костовска, Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје, кој ќе биде и портпарол на Комисијата, Златко Арсениевски, Драган Ѓорѓиевски, Грета Николовска од Агенција за храна и ветеринарство и Марија Милкова од Центарот за управување со кризи.

Според министерот Сали, Комисијата за заразни болести ќе се состанува редовно секој вторник, а по потреба и почесто. Редовните состаноци ќе ги одржува претседателот Петличковски, а по потреба ќе биде присутен и министерот за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Ќе се возат ли турски автомобили…

Извршниот директор на Иницијативната група за автомобили…