Овојпат како никогаш досега народот беше спремен, но Мицкоски го задуши набојот за протести

t

Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, но Мицкоски го задуши набојот кај народот што го имаше. Јас сум сигурен дека власта ако видеше толку народ, ќе се повлечеа, но очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност. Беше ли Мицкоски во Брисел крајот на април, почетокот на мај – тогаш е договорена целата работа, вели лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски за протестите против францускиот предлог, кои беа поддржани од најголемите опозициски партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Јакимовски е убеден дека доколку дојде до референдумско прашање за преговарачката рамка, тоа ќе биде неуспешно.

-102,6% сум сигурен дека мнозинство за поништување на ова ќе нема. Со тоа мицкоски го бетонира предлогот и со тоа тој добива „пас“ неговите луѓе утре во Парламентот да ги гласаат уставните измени и да се внесат Бугарите. Мојот предлог е следниот: излегуваме јас, тој, Апасиев и другите потпишуваме Декларација со која ако народот ни даде доверба 61 пратеник, ние гарантираме дека ќе го поништиме овој договор. Ова е чесна понуда, нема што да го лажеме и плашиме народот. Во спротивно ова е само фарса исто како пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Тој во 5 попладне кога виде не излегува народот, тогаш се приклучи кон народот, изјави Јакимовски во интервју за Тв 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не стивуваат немирите во Иран: Уапсени над…

Во протестите во северен Иран уапсени се повеќе од…

Околу 70.000 Чеси протестираа против ЕУ, НАТО…

Денес, околу 70.000 Чеси успеаја да ги…

(Видео) Протести во Њујорк поради Новак Ѓоковиќ:…

Протест во Њујорк поради Ѓоковиќ: „Зошто? Одлуката…

(Видео) Ирачката војска отвори оган кон демонстрантите:…

Две лица се повредени во престрелка во…