Ограбена поштата во тетовска Мала Речица
Оружен грабеж се случил претпладнево во објект на „Пошта на Северна Македонија“ во тетовска Мала Речица.
Две лица го извршиле грабежот, за кој засега нема информации колку пари се одземени.
– Денеска околу 10 часот и 15 минути во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa“ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со огнено оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По увидот ќе почнат и други мерки за расчитување и документирање на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранска опозиционерка: Време е Хамнеи да си…
Марјам Раџави, претседателка на опозицискиот Национален совет…
Стармер: Иран да се врати на преговарачка…
Британскиот премиер Кир Стармер го повикува Иран…
Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во…
Од македонската амбасада во Израел информираат дека…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Нов топлотен бран – температурите до 40…
Од утре нашата земја повторно влегува под…