Македонска амбасада во Израел: Затворен аеродромот во Тел Авив, активни се само морски рути за излез од државата
Од македонската амбасада во Израел информираат дека воздушниот простор на Израел од денес 22 јуни, како и аеродромот, се затворени со што планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен.
Тие додадоа дека од Министерството за туризам на Израел добиле информација дека функционира морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата „Мано Шипинг“)
Според македонската амбасада, следниот брод со слободни места Краун Ирис(Crown Iris) планирано e да отплови од Ашдод напладне на 27 јуни (петок) и има капацитет за 1.500 патници, а картите се набавуваат директно од веб страната на компанијата (Mano Shipping).
Оттаму апелираа дека сите Македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош да се обратат до Амбасадата за добивање на Патен лист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…
Рекордна излезност на изборите во Израел: До…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…
Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…
Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…