Одлична вест за студентите: Арсовска донесе одлука, градската библиотека ќе работи 24 часа

t

По барање на студентите читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци ќе работи 24 часа

Работното време на читалната во градската библиотека Браќа Миладиновци по барање на студентите ќе биде 24 часа. Ова беше договорено на вчерашната средба на  градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ева Цветковска и Вера Палевска. Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.

Градоначалничката Арсовска искажа недвосмислена поддршка за нивните предлози и потенцираше дека секогаш ќе биде на располагање за младите со цел реализирање на проектите од нивна корист.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…

Слаб земјотрес вечерва во Скопје

Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…

Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје

На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…