Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами
Судењето за предметот „Лотарија“ е одложено откако првообвинетиот Перпарим Бајрами, кој подолг период беше недостапен за органите на прогонот, утрово беше спроведен во КПУ „Затвор Скопје“. Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека Управата на затворот го известила Судот дека Бајрами, нешто по 7 часот, бил спроведен на издржување на претходно определената мерка притвор.Во текот на денот, Судот ќе му достави примерок од обвинителниот предлог за да може да се запознае со содржината на обвинението и доказите во предметот.
Согласно законските рокови, обвинетиот има право на осум дена за увид во обвинителниот предлог и доказниот материјал, поради што се отповикани рочиштата закажани за 11 и 16 септември.Продолжението на судскиот процес е закажано за 18 септември во 12 часот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Бајрами утрово беше лишен од слобода на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје. Против него се води постапка во предметот поврзан со Државната лотарија.
Основното јавно обвинителство Скопје претходно соопшти дека покрај овој предмет, против Бајрами се водат уште четири постапки за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одложено судењето за „Лотарија“ по приведувањето на…
Судењето за предметот „Лотарија“ е одложено откако…
Лавров за „подготовките“ на Европа за можна…
Доколку Европа ја нападне Русија, војната ќе…
Од сабота почнува примената на „Безбеден град“…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
ДПИ казнил компании со над 2 милиони…
Од 31 август до 6 септември инспекторите…
Шведска им нуди до 37.000 долари на…
Од почетокот на 2026 година, Шведска им…