Односите помеѓу Бугарија и Македонија во ќор-сокак
Познатиот бугарски драматург, поет и писател Стефан Цанев во интервју за новогодишното издание на софискиот весник „24 часа“ ги коментираше процесите во Бугарија во изминатата 2021 година.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Цанев, кој е познат интелектуалец со својата граѓанска позиција, вели дека бугарскиот претседател Румен Радев постигнал сè што сакал и не случајно пропаднале 45. и 46. Собрание на државата и не можело да се избере функционална влада.
Коментирајќи ги бугарско-македонските односи, Цанев вели дека ситуацијата меѓу двете соседни земји е во ќорсокак.
„Бугарија, за да ја пушти Република Македонија во Европската Унија, бара Скопје да престане со говорот на омраза, а бидејќи Софија не ги пушта во Европската Унија, Скопје уште повеќе ја замрази, што, пак, ја принуди Бугарија уште покатегорично да не дозволи влез, а тоа според Цанев направило Скопје уште повеќе да ја мрази Софија, а тоа, пак направило Бугарија да го стори истото… и т.н. и т.н“, вели Цанев.
Како драматург, Цанев во интервјуто, вели дека гледа корисен излез од овој ќор-сокак и доколку премиерот на Бугарија го праша, тој ќе му каже.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…