ОДРЕДЕН 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГАН ВУЧИЌЕВИЌ: Главниот уредник на „Информер“ осомничен за предизвикување паника и попречување на правдата

t

Судот во Белград му одреди притвор до 30 дена на главниот и одговорен уредник на српската телевизија „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, објави Радио-телевизија Србија (РТС), повикувајќи се на агенцијата Танјуг.

Притворот е одреден по предлог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, поради опасност осомничениот да го повтори кривичното дело.

Вучиќевиќ се товари за кривично дело предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и за кривично дело попречување на правдата.

Главниот уредник на „Информер“ претходно денеска беше сослушан во обвинителството, каде што ја изнесе својата одбрана. Според неговите адвокати, Вучиќевиќ ја негирал вината за делата што му се ставаат на товар.

Тој беше приведен во близина на зградата на телевизијата „Информер“, по што беше однесен во полициската станица Вождовац, каде што му беше одредено полициско задржување.

По неговото приведување беа организирани собири за поддршка пред Палатата на правдата во Белград, како и пред полициската станица Вождовац.

Во објавените информации засега не се наведуваат конкретните дејствија за кои обвинителството го сомничи Вучиќевиќ.

Одлуката за притвор не претставува утврдување на вина, а Вучиќевиќ се смета за невин до донесување правосилна судска пресуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОДРЕДЕН 30-ДНЕВЕН ПРИТВОР ЗА ДРАГАН ВУЧИЌЕВИЌ: Главниот…

Судот во Белград му одреди притвор до…

Мицкоски се сретна со претставници нa “Студентската…

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на неформална…

Утре почнува судањето за нападот врз Сара:…

Во Основниот суд во Охрид утре, со…

Мицкоски до Села: Во унитарна држава како…

Легитимитет во демократија, во унитарна држава дава…

Тошковски: Потенцијалните жртви на семејно насилство ќе…

Потенцијалните жртви на семејно насилство ќе можат…