Од македонскиот пазар се повлекува целокупниот „Киндер“ асортиман произведен во фабриката во Белгија

t

Aтлантик Трејд Скопје ДОО Скопје соопшти дека како дистрибутер на асортиманот на компанијата „Фереро“ во земјава, на барање на производителот „Фереро“, го проширува повлекувањето од пазарот на целокупното производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче.

Компанијата подвлекува дека на повлекување од пазарот подлежат само оние производи кои се произведени во Арлон во Белгија.

Како што е соопштено, во контекст на тековното испитување за салмонела во соработка со органите за безбедност на храната, „Фереро“ привремено ја затвора својата фабрика во Арлон во Белгија. Со стапување во сила веднаш, се прекинува целото производство на Киндер Шокобонс, Киндер Сурприсе Макси 100г и Киндер Мини Микс Пелуче, од Арлон.

-Како одговорен дистрибутер ги преземаме сите неопходни чекори за одржување целосна доверба од купувачите и делуваме за брзо повлекување на наведените производи од пазарот. Ги замолуваме потрошувачите доколку веќе поседуваат некој од горенаведените производи, да не го конзумираат. Може да го вратат во продажното место од каде го купиле, како и да го контактираат тимот за грижа на потрошувачи на [email protected], се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стефан Лазаров со апел за донации за…

Еден од најпознатите македонски водители Зоки Фаци…

Роднина на Вјоса Османи убиен на свадба…

Свадба прерасна во трагедија откако полиција убила…

(Видео) СКАНДАЛ: Плативме и за невеста од…

Злоупотребата на службени автомобили останува пракса во…

Дел од Општина Центар утре без струја

Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа…

Овие 4 хороскопски знаци се родени да…

Астролозите тврдат дека знакот на хороскопот може…