Од Скопје и Охрид до нови европски центри: ВМРО-ДПМНЕ се пофали со 28 дестинации
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, изјави дека од преземањето на власта досега се воведени 28 нови авиодестинации од македонските аеродроми, оценувајќи дека подобрата воздушна поврзаност е важна за граѓаните, туризмот, бизнисот и инвестициите.
Според неа, од Скопје сега може директно да се патува до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија.
Од аеродромот во Охрид, пак, како нови дестинации ги наведе Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена.
„Воздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот“, рече Петкоска.
Таа оцени дека новите линии им овозможуваат на граѓаните полесно да патуваат за работа, образование и туризам, како и полесно да ги посетуваат семејствата и пријателите во странство.
Според Петкоска, поголемата воздушна поврзаност е особено значајна и за Охрид, бидејќи овозможува полесно привлекување туристи од нови пазари.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека директните авиолинии имаат значење и за бизнисот, затоа што ја зголемуваат достапноста на државата за инвеститори, компании и меѓународни партнери.
Петкоска најави дека Владата ќе продолжи да работи на проширување на мрежата на авиодестинации од Скопје и Охрид.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Скопје и Охрид до нови европски…
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, изјави дека…
Уште еден смртен случај од западнонилска треска,…
Во земјава е регистриран уште еден смртен…
ЕУ ветува натамошна поддршка за Украина пред…
Од почетокот на руската инвазија во февруари…
15-годишник од беровско ја натепал баба си…
Жена од беровско која е старател на…
Од утре пониски температури, локален пороен дожд,…
УХМР информира дека од утре дневната температура…