Од ЈСП направија загубар, направиле огромни злоупотреби – скопјани ќе имаат бесплатен автобуски превоз

t

„Го довеле ЈСП да биде толку голем загубар, да годишно му требаат 12 милиони евра за да работи“, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовка посочувајќи дека не може ниту да ја појасни состојбата во тоа претпријатие и дека таквото менаџирање треба на им служи на чест на оние што го довеле во таква состојба.

„Сега во вој момент, исто како и претходно, од страна на јавното претпријатие, тоа го кажа и самиот директор, се генерираат дневно карти од отприлика 200 000 денари. Тоа е првиот индикатор дека не се картите приходот кој се обезбедува за тоа претпријатие. Додека она кое што било трошок, каде што јас гледам дека имало извесни злоупотреби, генерирани огромни суми, коишто практично се одлевале од претпријатието.. оставени се возилата и покрај тоа што се трошеле навистина големи средства за одржување, оставени се во едни такви услови во коишто и самите г гледате автобусите. Па тие автобуси не се такви од овј месец, тие автобуси некој ги оставил и не се грижел за нив во изминатите четири години и ги довел во таква ситуација, да во мометов кога новиот директор седна на таа позиција, од тие 33 нови автобуси кои беа купени, а за кои кјавното претпријатие сега од први плаќа скоро еден милион еврав кредит кој што го земало претходното раководство, од тие дури, 20% не беа во возна состојба, односно беа паркирани.

Во однос на бесплатниот превоз кој беше дел од предизборните ветувања на градоначалничката уште еднаш повтори дека и тој проект ќе биде реализиран но етапно, во неколку фази, поради лоѓата состојба во која е ЈСП.

„Бесплатниот јавен превоз ќе се имплементира, етапно, со период на прилагодување, бидејќи во овој момент, со возилата кои ги имаме на располагање најголем дел се во лоша состојба. Ние да го ослободиме јавниот превоз да биде бесплатен за граѓаните, не може да го постигнеме квалитетот којшто беше ветен. Треба да имаме автобуси на кратки временски интервали, граѓаните да не чекаат по два три часа да дојде автобус. Треба да биде квалитетен, брз ефикасен, сигурен, безбеден за граѓаните“, изјави Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема полициска акција во моментов во Скопје,…

Голема полициска акција во моментов се одвива…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Казнети 267 возачи во Скопје, 128 за…

На територија на Град Скопје во текот…

Захарова откри на кого Лавров му рече…

Реченицата на министерот за надворешни работи Сергеј…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…