Од 800 тестирани, само 8 ученици се позитивни на коронавирус – скринингот продолжува

t

Од 800 тестирани, само 8 ученици се регистрирани како позитивни на Ковид-19, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести (КЗБ), Злате Мехмедовиќ.

Сепак, скринингот во основните училишта сè уште не е целосно завршен, а Мехмедовиќ очекува да се тестираат околу 1.800 до 2.000 ученици со цел да има репрезентативен примерок. Согласност за тестирање на нивните деца доставиле околу 5.000 родители.

„За да имаме репрезентативност на податоците, ќе треба да се држиме до иницијалната бројка која што беше утврдена со методологијата на Комисијата за заразни болести“, додаде тој.

Комисијата предложила и две мерки до министерот за здравство, кои понатаму треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата.

„Првата мерка се однесува на укинувањето на задолжителното поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата. Тука би сакал да дообјаснам, тоа не значи дека во земјите каде што ќе биде потребно да поседуваaт ПЦР тест или ковид сертификат дека сте вакцинирани или прележани, дека таму нема да ви се бара, туку напротив, дека при излез од земјава, онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година, дека треба да поседувате и да ги покажете на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува“, рече Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ посочи дека се предлага до министерот за здравство да се укине и ослободувањето од работа за бремените жени, согласно, како што рече, препораки од релевантни институции и од примери во светот во кои силно се препорачува, тие што планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и да го заштитат своето здравје.

Истовремено, тој посочи дека е намален бројот на нови случаи на Ковид-19, како и дека е намалена смртноста од вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Бајден позитивен на Ковид

Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…