Објавено на:

Околу 1.450 авганистански деца доведени во САД без нивните семејства

t

Меѓу Авганистанците кои дојдоа во САД од Авганистан, има околу 1.450 деца кои се доведени без нивните семејства, пренесува Агенција Анадолија.

Повеќе од 100.000 авганистански граѓани се евакуирани во САД откако Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во август минатата година.

Според податоците на американското Министерство за здравство и човечки услуги, околу 1.450 деца пристигнале во оваа земја без своите семејства.

Официјални лица истакнаа дека некои од евакуираните деца живеат со спонзори и други роднини во САД, додека околу 250 деца се уште се под контрола на владата.

Сѐ уште нема информации за тоа дали иселените деца ќе можат повторно да се обединат со своите семејства.

Некои од децата одвоени се од семејствата за време на евакуациите кои се спроведоа во хаосот на аеродромот, а некои од децата ги загубија своите семејства во терористичкиот напад врз меѓународниот аеродром Хамид Карзаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одрон во рудник за злато во Авганистан,…

Пет рудари загинаа во одрон во рудник…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…