Објавено на:

Омилениот новинар на Путин со скандалозна изјава: Русија не војува само со Украина, речиси сигурно ќе следи војна со НАТО

t

Познатиот руски новинар и водител Владимир Соловјов, познат и како „гласот на Путин“, смета дека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза и дека речиси сигурно ќе следи војна меѓу Руската Федерација и НАТО.

Според „Бизнис инсајдер“, Соловјов смета дека Русија ќе се најде во конфликт со НАТО алијансата, но и со целиот свет.

„Верувам дека „специјалната воена операција“ влегува во нова фаза“, рече тој во видеото што брзо се прошири на социјаните мрежи, а е објавено на Твитер во четвртокот од новинарката Џулија Дејвис.

Соловјов во видеото истакнува дека земјите од НАТО ја снабдувале Украина со оружје, но и не само со оружје.

Соловиев е познат како голем поддржувач на режимот на Путин, а тој често користеше провоена реторика во неговите медиумски извештаи на државниот канал „Русија 1“.

Во контроверзното видео тој вели дека „Русија започнува војна против земјите од НАТО“.

-Ќе ја здробиме нивната „воена машинерија“ како и граѓаните на земјите од НАТО. Кога ќе заврши оваа операција, НАТО ќе треба да се запраша дали ќе може да се одбрани. Дали има сила да се брани? Но, нема да има милост, нема да има милост“, додаде Соловјов.

Осврнувајќи се на зборовите на Путин за „денацификација“ на Украина, тој рече дека „војната во Украина се развива многу конкретно, поради што е потребна голема грубост“.

Неговите зборови доаѓаат откако неколку членки на НАТО најавија дека ќе ѝ помогнат на Украина со напредно оружје, тешка артилерија и воена обука. САД испраќаат стотици беспилотни летала способни да удрат во неподвижна цел, а потоа да експлодираат, како и десетици артилериски системи со долг дострел, а Велика Британија вети 120 оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана.

Неодамнешните изјави на „гласот на Путин“, според Гардијан, одат во прилог на изјавите на некои воени аналитичари кои тврдат дека Путин се обидува да добие контрола над цела Источна Европа, а не само врз Украина.

– Мораме да разбереме дека Путин не е во војна само со Украина, туку и со САД и НАТО, што го повтори неколку пати – изјави рускиот олигарх во егзил Михаил Ходорковски, пренесе „Бизнис Инсајдер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фајненшл тајмс: Саудискиот крал Бин Салман го…

Високи британски пратеници го опишаа пријавениот потег…

Путин: Русија и Иран „градат моментум“ во…

Двете нации соработуваат на различни полиња, од…

Иранскиот претседател пристигна во Москва

Ебрахим Раиси треба да се сретне со…

Путин: Доминацијата на западните банки се ближи…

Според рускиот претседател, новите технологии му се…