ОН: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна
Руската инвазија на Украина го предизвика најголемиот бран бегалци од Втората светска војна, објави денес агенцијата за помош нс бегалци на ОН, УНХЦР.
“Земјата досега ја напушитле повеќе од 7,9 милиони луѓе, а уште 5,9 милиони се раселени внатре во Украина“, изјави претставничката на УНХЦР во Германија, Катарина Лумп.
Станува збор за вкупно 14 милиони бегалци, што е повеќе од една третина од вкупното население на земјата. Украина има 41 милион жители.
Лумп вели дека Германија е втора по САД по придонесот за поддршка и грижа за бегалците, со сума од над 500 милиони долари.
“Со оваа сума пари успеваме да им помогнеме на бегалците кога станува збор за нивната безбедност и заштита и можеме да ги поддржиме на разни други начини“, рече таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…
Москва и поширокиот московски регион во текот…
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…
Украина и Полска: Руската закана веќе е…
Украина и Полска предупредија на зголемена руска…