Определен притвор за едно лице за претепаниот малолетник во Чаир
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерка за обезбедување присуство против 19-годишниот Б.И. од Скопје, осомничен за насилство врз дете во скопската населба Чаир, по неговото произнесување во однос на предлогот, донесе решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Б.И. е осомничен за кривичното дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Мерката притвор е определена поради постоење на околности предвидени во член 165 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за кривичната постапка, односно опасност од бегство, можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат на опасност од повторување на кривичното дело.
Против ова решение странките имаат право на жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага постапка против едно лице на возраст од 19 години, кое учествуваше во тепачка во Чаир, во која три лица беа прободени со нож, за кривичнo делo насилство. Во тепачката учествувал и неговиот 13-годишен брат, кој, како што информираат од Обвинителството, е под законската граница за кривична одговорност.
„Во инцидентот на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност“, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Определен притвор за едно лице за претепаниот…
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ –…
Тринаесетгодишно дете се бори за живот откако…
ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…
Во секоја општина да се отвори семеен…
По последните случаи со насилство во Гостивар…