Опшина Кочани ќе гради дом за престој на стари лица за 4 милиони евра

t

За 247.677.656,01денари или нешто повеќе од 4 милиони евра Општина Кочани ќе гради дом за престој на стари лица.

Договорот за изградба на домот за престој на стари лица е објавен на веб-страницата на ЕСЈН.

Од вкупно пет пријавени компании, за изведувач е изберена компанијата ФИШЕР-ТИХИ ДОО с.Карпош-Куманово.

Општина Кочани бара компанијата изведувач да ги исполнува следните услови:

– Минимум Лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија издадена од Министерство за транспорт и врски на Р. С. Македонија согласно Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ број 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16 , 132/16, 35/18 и 168/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19, 18/20 и 279/20,227/2022 и 111/2023) Во случај економскиот оператор да поднесе групна понуда (група на понудувачи), секој член на групата кој ќе ја врши изведбата на работите е потребно да поседува Лиценца (Б) за изведување на градби од втора(II) категорија заедно со понудата. IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор

– Извод од целокупниот приход на претпријатието (податок од билансот на успех издаден од надлежен орган, односно ревидиран биланс на успех) и, онаму каде што се бара, изјава за приходот во областа која се покрива со договорот за јавна набавка, и тоа најмногу за последните три финансиски години за кои се расположливи ваквите информации во зависност од датумот на кој претпријатието е основано или започнало со работа и во зависност од достапноста на таквите информации

: минимален годишен приход од 150.000.000,00 денари за секоја година поединечно, во последните 3 финансиски години (2022, 2023 и 2024 поединечно) IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор

– со опис на техничкиот персонал и техничките органи кои ќе учествуваат во извршувањето на јавната набавка, особено на оние кои се одговорни за контролата на квалитетот, а во случај на јавна набавка на работи, оние што ќе бидат вклучени во изведување на работите, без оглед на тоа дали се вработени во економскиот оператор или не

: – дипломиран Градежен инжењер -насока Хидротехника со овластување Б за изведба – мин.4 дипломирани Градежни инжењери-конструктивна насока со овластување Б за изведба – дипломиран архитект инжињер со овластување Б за изведба – дипломиран електро инжињер со овластување Б за изведба – дипломиран геодетски инжињер со овласување Б за изведба – лице за БЗР со положе стручен испит – Минимум 50 вработени / ангажирани

– со изјава за инструментите, постројките или техничката опрема, која давателот на услугите или изведувачот на работите ја има на располагање за извршување на договорот

: Мини багер Багер 5-10тона Багер над 15тона Комбинирана градежна машина Ваљак со ширина од 1м Ваљак над 10тона Вибро жаба Камиони кипер со носивост над 15тона минимум 4 камиона Грејдер Камион со дигалка од мин.3тона Статичен Кран за поголеми висини Оплати скеле мин.1000м2 минимум еден генератор/агрегат

– со листа на работи, со приложување потврда за задоволителна изведба на најважните работи. Со цел да се обезбеди соодветно ниво на конкуренција, договорниот орган може, доколку е тоа неопходно, да ги земе предвид доказите за изведени работи пред повеќе од пет години, што го наведува во тендерската документација

: – Да има изведено минимум три објекта за колективно домување или згради од јавен интерес во последните пет години 2020,2021,2022,2023,2024 со вкупна вредност на изведените работи од минимум 150.000.000ден IV.2.5) Стандарди

– Стандарди за системи за квалитет

: Системи за менаџмент со квалитет МКС EN ISO 9001:2015 или еквивалентно (Системи за менаџмент со квалитет Систем за управување со здравје и безбедност при работа ISO 45001:2018 или еквивалентен

– Стандарди за управување со животна средина

: Системи за менаџмент на животна средина МКС EN ISO 14001:2015

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Угостителите ги отстрануваат терасите во Трговскиот…

Угостителите во Трговскиот центар во Кочани утрово…

Левица: Жртвите од Кочани заслужуваат правда

Денес се навршува една година од трагедијата…

Мицкоски: Кочани памети, Македонија памети

Денес во Кочани оддаваме тивка, но длабока…

Филипче со порака од Кочани: Сочувство до…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од…

Мајка на една од жртвите во Кочани…

Мајката на една од жртвите во кочанската…