(Видео) Угостителите ги отстрануваат терасите во Трговскиот центар во Кочани
Угостителите во Трговскиот центар во Кочани утрово почнаа да ги отстрануваат терасите поставени на јавна површина пред нивните локали. Се работи за објекти од горниот кат на трговскиот центар, објави Радио Кочани на Фејсбук.
Отстранувањето е дел од обврската што произлегува од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти, според кој е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети на сопствен трошок. Угостителите најавија дека нема да работат неколку дена поради безбедносни причини за гостите, а некои рекоа дека ќе продолжат со работа во внатрешниот дел, како и со достава и нарачки.
Во иднина, угостителите ќе можат да поднесат барање за користење на јавната површина, но само доколку ги исполнат законските услови. Тоа подразбира поставување подвижни тенди, чадори и опрема без оградување, при што просторот мора да остане отворен од три страни.
Кафулињата на приземјето веќе ги отстранија застаклените делови од јавната површина, додека нивните тенди остануваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Седум бебиња родени за два дена во…
Кочани добива ретко убава и позитивна вест…
Тешко повреден вработен во кочанскиот водовод, паднал…
На 23.07.2026 во 09:04 часот во ОВР…
Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…
Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…
„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…