Објавено на:

Општина Карпош ќе се раззеленува со 200 нови садници различни дрвја

t

Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош” во општина Карпош се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење во сите урбани заедници, во кои се предвидени да се засадат вкупно 200 листопадни и зимзелени дрвја и тоа: црвен јавор, каталпеа, зелен јавор,фотинија дрвја, туја пликата, црвена слива, цветен пепел, црвен костен, црвена гума (ликвдамбар), и јапонска цветна цреша, велат од локалната самоуправа.

Во оваа прилика, претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, се обрати и ги соопшти информациите за пролетното зазеленување.

– Од денеска, започнуваме со пролетното садење на дрва, а наесен ќе се врши замена на старите дрвја на територија на Општина Карпош. Се работи за програма која функционира подолго време на територијата на Општина Карпош, која традиционално успешно се спроведува. Затоа Карпош е меѓу нај зелените општини, ако не и нај зелената Општина во оваа држава. При пролетното садење ќе се засадат нови 200 дрвја, а се работи за повеќе видови на стебла, рече вчера Петров.

Од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 1.500.000 денари за целата година, а кои се наменети за набавка на афтохтони и алохтони висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, додека пак за пролетното садење, Општината издови средства во висина од 500.000 денари.

Локалната самоуправа е Општина посветена на создавање нови зелени површини, бидејќи вложувањето во животната средина е трајна придобивка за сите сегашни и идни генерации, потенцираат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…