Објавено на:

Орбан испрати писмо до Европската комисија: Унгарија нема да го поддржи шестиот пакет санкции за Русија

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека санкциите на ЕУ треба да се преземат кога сите земји-членки ќе бидат подготвени за тоа.

Тој испрати и писмо до шефицата на ЕК во кое вели дека Будимпешта не може да го поддржи планот за санкции на ЕУ против Русија „во нејзината сегашна форма“.

Европската комисија, во рамките на шестиот пакет санкции против Русија, предлага фазна забрана за увоз на руска нафта во ЕУ, изјави претходно во средата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Според неа, одбивањето ќе биде постепено, до крајот на оваа година. Портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, прецизираше дека предлогот за ембарго на нафта против Русија го зема предвид фактот дека некои земји од ЕУ, поради повеќе причини, се повеќе зависни од руските енергетски ресурси.


Истовремено, според медиумите, постојаните претставници на земјите од ЕУ не успеале да се договорат за ембаргото, а се планира работата на шестиот пакет да заврши најдоцна до 9 мај. Чешка, Словачка и Унгарија официјално се изјаснија против целосното ембарго. Првите две сакаат тригодишен преоден рок за себе, додека Унгарија бара исклучоци за испораките на нафта од Русија преку нафтоводи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Путин бара од Украинците да земат руско…

Рускиот претседател Владимир Путин почна да врши…

Вулин: Руските разузнавачки служби ни помогнаа против…

Српскиот вицепремиер Александар Вулин рече дека руските…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…