Орбан му порача на Зеленски: Унгарија ќе продолжи да дава хуманитарна помош, но не и оружје!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија ќе продолжи да и дава хуманитарна помош на Украина, но нема да и доставува оружје. Орбан ова го соопшти по средбата со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Брисел, каде европските лидери се собраа да договараат како да продолжат да ја поддржуваат Украина во војната против Русија.
Орбан имаше средба со Зеленски заедно со водачите на Словенија, Грција, Хрватска, Австрија, Бугарија и Кипар, јави новинската агенција В4НА.
Минатата година Унгарија на Украина и го испорача најголемото количество хуманитарна помош во својата историја. Примивме над милион бегалци од Украина кои поминаа преку нашата граница. Од разговорот со украинскиот претседател, јасно е дека војната ќе потрае. Не можеме да очекуваме нејзин скорешен крај. Притоа, Унгарците ќе продолжат да им укажуваат хуманитарна помош на Украинците, но нема да испорачаме оружје. Унгарски интерес останува да дојде до прекин на огнот, мировни преговори и договор кој ќе води до краен мир, и тоа што е можно поскоро. За да се спасат животи потребно е да има мир и прекин на огнот, изјави Орбан, додавајќи дека Унгарија „останува во таборот на мирот“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
Жена од Росоман почина од западнонилска треска
Жена од Росоман е единаесеттата жртва на…
Падна покрив на училиште во Пакистан, загинаа…
Голема трагедија го потресе Пакистан откако се…
МИЦКОСКИ НАЈАВИ НОВИ 2000 РАБОТНИ МЕСТА: Во…
Германската компанија „Кромберг и Шуберт“ планира нова…
Над 1.400 луѓе во Македонија ќе гласаат…
Во Македонија се пријавиле 1.438 луѓе за…