Оружје и голема количина кокаин најдени во домот на 57-годишник од тетовско – при претресот им се заканувал на полицајците
Вчера во периодот од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речица кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.
Од МВР информираат дека при претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден бил еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени биле 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, посочија од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оружје и голема количина кокаин најдени во…
Вчера во периодот од 15:00 до 16:30…
За шест часа санкциониран 541 возач за…
Вкупно 541 прекршок за управување возило со…
Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…
На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…
Регистрирал возила, а парите си ги ставал…
Од МВР поднесоа нова кривична пријава поради…
„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…
Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…