Освен матни софтвер иновации, со Рашковски се поврзува и милионски тендер во Дрисла

t

СДСМ молчат за скандалот со фирмата блиска до Рашковски која што земала тендери од 850 илјади евра од Дрисла. Фирмата Алпима Градба од Струмица во 2019-та и 2020-та изнајмувала машини во Дрисла во износ од скоро еден милион евра. Оваа фирма е во сопственост на Пипервалиев, човек близок до Драги Рашковски, омилениот лик и десна рака на Зоран Заев, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Овој договор е склучен во четири очи веднаш штом Дрисла стана јавно претпријатие, без јасни критериуми. Како да нема друга компанија во Скопје и во Македонија која има механизација која може да биде ангажирана на Дрисла, па морала да биде ангажирана компанија од Струмица, во сопственост на човек близок до Рашковски, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ете како власт на заевизмот во екот на здравствената криза делела матни тендери во износи од речиси милион евра на фирмa блискa до функционери на власта. Ова е уште еден показател дека Зоран Заев го преслика на централно ниво системот на испумпување на народни пари кој што го применуваше во Струмица. Тандемот Заев и Рашковски одлично функционирал, штом фирми блиски до нив добивале тендери од софтвер, па се до депонии. За ваквите зделки мора да има одговорност од сите чинители, затоа што недомаќински се трошеле парите на народот, додаваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…

ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…

Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…

ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…

Левица: ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ,…

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на…