Османи: Неопходно е зајакнување на поддршката за Украина

t

Зајакнување на поддршката за Украина, една година по руската агресија, потребата од заштита на меѓународниот поредок и нормите на кои се темели, ревизија на безбедносната структура, стравувањата за сојуз меѓу Кина и Русија, но и потребата од стабилност во поединечните региони во светот, меѓу кои и Западен Балкан, беа дел од темите на кои се осврнаа учесниците на 59. Минхенска безбедносна конференција вчера и завчера во Минхен.

Безбедноста изминатите два дена беше разгледана од повеќе аспекти во хотелот „Бајеришер хоф“ во Минхен на Конференцијата, која завршува денеска, а на која учествуваат над 450 светски лидери и носители на одлуки на високо ниво, вклучувајќи шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации и невладини организации, како и претставници од бизнисот и граѓанското општество.

Како што јави известувачот на МИА од Минхен, учесниците дебатираа за безбедноста во светло на војната во Украина, но и од аспект на енергетиката, економијата, храната, водата, заштита на животната средина. Хибридните закани и кибер нападите имаа посебен третман на неколку панели, но опасноста од нив беше споменувана во речиси сите дискусии, во кои се правеше анализа на улогата на светските сили, САД, Велика Британија, Германија, Кина денес, како и на улогата на НАТО, ОН, ЕУ, останатите меѓународни чинители во заштита на меѓународниот поредок.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација на Македонија на Минхенската конференција, во чиј состав беше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, учествуваше на тркалезната маса посветена за земјите од Западен Балкан и важноста од евроинтегративниот процес во услови на новите геополитички превирања.

Премиерот појасни дека Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ, споменувајќи го тука и мотото на нашето претседа

– Северна Македонија има јасен став во својата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА Ковачевски вчера при пристигнувањето на Конференцијата, појаснувајќи дека земјава учествува во мировните мисии на НАТО, на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ.

– Тоа се гледа и од нашите приоритети каде што клучен приоритет е Украина, меѓутоа и сите други области каде што постои потреба за унапредување на мирот и безбедноста, изјави Ковачевски и потенцира дека овогодишната Минхенска конференција доаѓа во еден исклучутелно значен момент, а клучни тема на неа се безбедноста во Европа во светло на војната што се води во Украина.

На серијата средби кои ги имаше со преставници на ЕУ и нејзините земји-членки Ковачевски добил потврда за нивната заложба за завршување на процесот на евроинтеграција на Македонија.

-Уште еднаш ја потенциравме важноста Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат, истакна Ковачевски.

Премиерот оствари средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси, претставникот на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак, со премиерката на Естонија Каја Калас.

Се сретна и со лидери од регионот, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со други учесници на Конференцијата.

Во својство на претседавач на ОБСЕ на Минхенската конференцијата е присутен и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска учествува на панел диксусијата „Враќање во иднината? Визии за европската безбедносна архитектура“, на која меѓу другите учествуваат и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, естонската премиерка Каја Калас и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…

Трамп му вети на Зеленски дека ќе…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа во…