Османи: Прва земја која ќе ја посетам како Претседавач со ОБСЕ ќе биде Украина

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска одржа тематски брифинг на кој ги претстави приоритетите на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ.

Објаснувајќи ја улогата на ОБСЕ како организација која е фокусирана на интересите на луѓето, на обичниот човек, и успешноста на нивните теренски активности, Османи изјави:

„Ние овде тоа добро го знаеме. Теренската мисија на ОБСЕ во земјава има остварено одлични резултати и нивното присуство овде, набргу по осамостојувањето, во голема мера придонесе за нашата внатрешна стабилност и постепен развој на денешниот модел на функционална мултиетничка демократија. И тоа го сметам за наша предност и во рамките на претседавањето. Како, условно речено – ‘задоволен корисник’ ние имаме автентично искуство за значењето на теренските мисии и присуството на ОБСЕ во регионите кои се сметаат за загрозени“.

Во продолжение Османи ги објасни исклучително сложени меѓународни односи, нарушена безбедносна архитектура на Континентот и практично активната воена агресија на една земја – членка врз друга земја – членка на Организацијата како посебен предизвик за враќање на функционалноста на самата организација.

„И тоа не е лесно. Тоа е многу тешко, и да бидам вака директен – тоа е најтешката работа во политиката. Да најдете начин да убедите две страни на дијалог, на разговор и во обичниот живот е тешко, а во политиката уште потешко. Но, секогаш има едно но; колку и да се страните заробени во своите политички ровови, обичните луѓе, граѓаните, цивилите – тие сакаат мир и стабилност! И тоа е нашата почетна позиција – луѓето; за луѓето се работи! Ако треба ќе одиме директно на терен кон луѓето за да ја земеме таа порака и да ја внесеме во дипломатските релации, во меѓународните односи“, појасни Османи.

Османи најави дека на 12 јануари во Виена и формално ќе биде првото соочување на Северна Македонија со претставниците на сите 57 земји во улога на Претседавач со ОБСЕ, по што, како што најави, прва земја која ќе ја посети како Претседавач ќе биде Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ГО ФАТИЛ СО 185 КМ/Ч:…

Црногорски државјанин бил приведен на граничниот премин…

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и…

Дмитро Хориха и официјално доби право да…

Тешка сообраќајка кај Тетово: Автомобил излета од…

Ноќеска во 01:50 часот во СВР Тетово…

Еди Рама не планира да поднесе оставка…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, реагираше по…

Предложен притвор за 20-годишникот фатен во акцијата…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…