Османи: Претставена е успешната приказна на Македонија пред Советот на Европа

t

Руската агресија, исфрлањето на Русија од Организацијата Совет на Европа и активностите што треба да се преземаат за солидизирање со Украина, украинскиот народ, биле темите што доминирале на разговорите на министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа во Торино, рече во видеообраќање министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Од наш домашен аспект, се разбира дека беше претставена нашата успешна приказна како функционална мултиетнична демократија со највисок степен на човекови права на етнички и права на заедниците, и се разбира на индивидуалните човекови права. А во однос на мултилатерализмот, се разговараше за соработката помеѓу различните меѓународни организации, во овој случај нашето претседавање со ОБСЕ биде во блиска координација со Советот на Европа, се разбира и со ЕУ, нагласи шефот на дипломатијата, соопштија од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Макрон одби да ѝ се обрати на…

Францускиот лидер Емануел Макрон нема да се…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…