Осомничениот за убиството на 17-годишното девојче во Богданци и претходно бил пријавуван за насилство врз неа!

t

17-годишното девојче во Богданци било убиено, а убиецот се самоубил. Ова е првичната претпоставка на Обвинителството, од каде додаваат дека ќе се изврши обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео-надзор.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан, велат од ОЈО.

Според нашите информации, сега веќе починатиот 21-годишник и претходно бил пријавуван за насилство врз 17-годишната жртва. Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава до Обвинителството, а на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство.

– Има пријава за загрозување на сигурноста од 16.10 по која веднаш започна да се постапува, а во меѓувреме во граѓанска постапка на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство, велат од ОЈО за Инфомакс.

По пријавата се постапувало, лицето било повикано на разговор и се преземале и друи мерки.

Според информациите кои ги добивме, 17-годишната жртва во исказот пред Граѓански суд негирала насилство од страна на 21-годишникот.

Од МВР претходно соопштија дека граѓанин од Богданци вчера пријавил во полицијата дека забележал запален паркиран автомобил и безживотно тело во негова близина.

„На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано ‘Ичева чешма’, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува збор за В.Г.(21) од Богданци. Од екипа на Итна медицинска помош при ЈЗУ Општа болница Гевгелија била констатирана смрт. По локализирање на пожарот од страна на Бригадата за противпожарна заштита, било забележано дека во возилото има опожарено лице без знаци на живот. За настанот веднаш е известен Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и извршен е увид. По насоки на Јавен обвинител телата се дадени на обдукција за утврдување на идентитет, односно утврдување на причините за смртта. Се преземаат мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот“, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот за убиството на 17-годишното девојче во…

17-годишното девојче во Богданци било убиено, а…

Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…

Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…

Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…

Вчера вечер е уапсено уште едно лице…

Израел уби висок генерал на либанската армија

Израелската војска тврди дека возилото влегло во…