Осумгодишно дете во мавровско Велебрдо повредено со барутни честички: Болницата ја алармирала полицијата
Осумгодишно дете од селото Велебрдо, Општина Маврово и Ростуше вчера било донесено во скопскиот клинички центар за укажување лекарска помош, по што од болницата ја алармирале полицијата.
Како што соопшти полицијата, на 18.08.2026 година во 14:33 часот во СВР Тетово од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив било донесено осумгодишно дете од Велебрдо за укажување лекарска помош. Детето се здобило со повреди во пределот на раката од барутни честички, информира СВР Тетово.
Повредите од барутни честички настануваат при истрел од огнено оружје или експлозија на пиротехника на блиско растојание. Карактеристичниот изглед на овие повреди вклучува комбинација од топлински изгореници, таложење саѓи и барутна тетоважа (stippling) на кожата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…