Објавено на:

Откако пилотите пријавиле чудни нарушувања, аеродромот во Минхен бил целосно затворен повеќе од еден час

t

Аеродромот во Минхен утрово повеќе од еден час бил целосно затворен откако пилоти пријавиле нарушувања за време на летови, за кои имало сомневања дека биле предизвикани од непознат дрон, јавија светските медиуми.

Аеродромот бил целосно затворен во 9 часот. Како што потврди федералната полиција, сообраќајот беше прекинат на двете писти за полетување и слетување.

Портпаролот на федералната полиција, Стефан Бајер, изјави за германскиот весник дека во близина на аеродромот е забележан потенцијално неовластен летачки објект и дека е наведено дека може да станува збор за дрон.

„Голем број полицајци беа присутни на местото на настанот, а беше распореден и хеликоптер за да провери за евентуално присуство на дрон. Околу 10:05 часот беше објавено дека полицијата не открила ништо сомнително“, изјави портпаролот за „Билд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако пилотите пријавиле чудни нарушувања, аеродромот во…

Аеродромот во Минхен утрово повеќе од еден…

Врсници долго време малтретирале соученик во средно…

Момче на возраст од 18 години било…

Две момчиња од Сарај го украле велосипедот…

Полицијата уапсила две 22 годишни момчиња од…

(Видео) Две момчиња крадат велосипед пред фитнес…

Две момчиња биле снимени од надзорна камера…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

13 милиони денари ќе чини одржување на…