Откриено е зошто омикрон има послаби симптоми од останатите варијанти

Научниците од Германија и Обединетото Кралство истражуваа зошто инфекцијата со омикрон има поблага клиничка слика од другите соеви на коронавирус.
Во списанието Cell Research, беше објавено дека омикрон е почувствителен на имунолошкиот одговор на луѓето во споредба со делта варијантата на коронавирусот.
– Во нашето истражување за прв пат беше објаснето зошто инфекциите со омикрон имаат помала веројатност да предизвикаат тешки форми на болеста – рече Мартин Мајклс од Одделот за бионаука на Универзитетот во Кент, чиј тим го спроведе ова истражување во Универзитетската болница во Франкфурт.
„Омикрон, за разлика од делта, се чини дека не ги спречува заразените клетки да произведуваат и лачат интерферон, природен протеин одговорен за имунолошкиот одговор присутен во сите човечки клетки“.
Инфицираните клетки произведуваат интерферон, кој ги информира другите клетки за присуството на вирусот во телото.
Според ова истражување, делта се покажала како поуспешна од омикрон кога станува збор за способноста на клетките да го блокираат производството на интерферон.
Интерферонот е важен имунолошки одговор на организмот, кој придонесува во неговата борба против вирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сериски политички самоубица: Mицкоски на парламентарни во…
Ајде да разговараме со факти... 1. И…
Видео: ЗОШТО ВИ ПРЕЧИ ПРИСУСТВОТО НА БУЈАР…
Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензи упати…
Во Србија изработен просторен план за гасна…
Во Србија е изработен и ставен на…
Грчки овци изеле околу 100 килограми медицински…
Стадо овци изеле речиси 100 килограми канабис…
Азербејџан и се извини на Русија за…
Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му се…