Откриен мистериозен објект на темната страна од Месечината

Кинескиот ровер „Јута 2“ забележал мистериозен објект на хоризонтот додека крстарел по темната страна на Месечината, каде што истражувал речиси две години.
Имено, кинеската вселенска агенција CNSA објави фотографии од мистериозен објект во облик на коцка, кој го снимил роверот „Јута 2“ од другата страна на кратерот што го истражувал. Тим научници изразиле голем интерес за објектот и решиле да отстапат од рутата за да го проучат. Сега се очекува дека „Јута 2“ следните 2-3 лунарни денови (2-3 земјени месеци) ќе ги помине во проучување и дефинирање на објектот, пренесува порталот „Спејс“.
Иако на социјалните мрежи веднаш започнаа шпекулациите дека мистериозниот објект можеби е од неприродно потекло, факт е дека фотографиите кои беа објавени се прилично матни и направени од голема далечина. Кога ќе се приближи роверот, ќе биде појасно за што се работи.
Засега најверојатно се работи за карпа или заостанат дел од астероид кој удрил во површината на Месечината.
Роверот „Јута 2“ и „Чанге 4“ се напојуваа со соларна енергија на другата страна на Месечината на 3 јануари 2019 година, а оттогаш роверот се тркала низ кратерот Вон Карман широк 186 километри. „Chang’e 4“ е четврта кинеска мисија на Месечината и втора што испорачува ровер на Месечината. Мисиите „Chang’e“ 1 и 2 беа орбитални, а „Chang’e 3“ слета на поблиската страна на Месечината со првиот ровер „Јута“. Кина, исто така, лансираше пробна мисија „Chang’e 5 T1“ околу Месечината и мисија за враќање на примерок од Месечината „Chang’e 5“ .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина го гради најголемиот аеродром во светот
Dalian Jinzhou Bay International моментално се гради…
Медиуми: Си Џинпинг нема да патува во…
Кинескиот претседател Си Џинпинг нема да отпатува…
Медведев во Пекинг, ќе ги продлабочува односите…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во…
Кина повика да се изнајде „политичко решение“…
Кина воведува санкции за 13 американски воени…
Кина одлучи да воведе санкции за 13…