Офанзива на Град Скопје: Интензивно продолжува пролетната акција на територија на Општина Карпош

t

Во тек се интензивни активности во рамки на пролетна работна акција на Градот Скопје во општина Карпош – известуваат од Град Скопје.

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Карпош на терен ја реализираат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Карпош. Екипите координирано до крајот на оваа недела спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување  и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во големата пролетна работна акција во Карпош на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта,  Лајка и Дрисла.

Екипи на ЈП Улици и патишта денеска санираа ударни дупки и поголеми оштетувања на мостот Обединети нации, а на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов обележуваа хоризонатална сигнализација, при што се обележани четири автобуски постојки. Екипите денеска вршеа контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација на булеварите Метрополит Теодосиј Гологанов и 8-ми Септември, а на булеварите Партизански одреди и Илинден се санираа оштетени семафори. 

Екипи на ЈП Паркови и зеленило денеска во рамки на пролетната акција работеа на средување и уредување на јавните зелени површини на територија на општина Карпош. На булеварот Илинден и на улицата Никола Парапунов се изврши расчистување на теренот, собирање на отпадоци и смет, косење на тревна површина и собирање лисја, како и кроење на грмушки. Покрај овие активности, дел од екипите на горенаведените локации извршија кастрење на 20 дрвја и сечење на 5 дрвја.

Екипите на ЈП Водовод и канализација работат на улиците Московска, Франклин  Рузвелт и Козле, како и на булеварите 8. Септември и  Партизански одреди.  На терен се врши површинско и рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (фекални и атмосферски) и миење со цистерна вакуум и цистерна под притисок на фекални и атмосферски сливници и шахти.

Во рамките на оваа голема акција, ЈП Комунална Хигиена постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.

Локациите на кои до недела може да се остава кабастиот отпад се следните:

1. Тафталиџе 2, на улица Женевска (автобуска постојка на последна 24-ка);

2.  Козле, кај ресторанот Македонска куќа ;

3.  Долно Нерези, на улицата Ванчо Мицков;

4.  Влае 2, зад Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на автобуската постојка.

Пролетната акција во општина Карпош почна вчера, 28-ми март, и ќе трае се до 1-ви април, а потоа теренските екипи на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода и општина Карпош.

Со почит,

Град Скопје – стои во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена марихуана, приведен дилер во Скопје

На 28.09.2022 околу 19.00 часот на подрачјето…

Земал 10 милиони, не платил данок: Кривична…

Единицата за економски и компјутерски криминал при…

Да ти е страв по улица да…

На 26.09.2022 во 13.30 часот во СВР…

(Фото) Верижен судир вечерва во Скопје! Учествуваа…

Верижен судар се случи вечерва во центарот…

Санкционирани 165 возачи во Скопје, најголем дел…

Министерството за внатрешни работи во текот на…