ОЈО поднесе кривична пријава за вработена во Општина Делчево: Оштетила инвеститор за 175.485 евра

t

Поради основи на сомнение за „несовесно работење во службата” Надворешната Канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ.(57) од Делчево за сторено дело кое е казниво по чл.353-в од Кривичниот Законик.

Осомничената која е вработена во Општина Делчево, како што се наведува во информацијата од полицијата, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево.

-По одговорот на забелешките од барателот, 57-годишната делчевка изготвила Решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот второстепениот орган го поништил.  Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, а кое станало прависилно на 25.08.2022, стои во информацијата од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.

Со ваквото постапување, како што додаваат оттаму, Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР поднесе кривична пријава за градоначалникот на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето на…

Општина Делчево ја одбележа 153-годишнината од раѓањето…

Маж изгоре во пожар во куќа во…

Триесет и шестгодишен маж го загуби животот…

Одрони пред Делчево, магла на Плетвар и…

АМСМ соопшти дека на два километра пред…

71-годишен маж од Делчево нападнал дете

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Р.(71)…