СДСМ подготвува изненадување – кандидатите за градоначалници ќе се знаат следната недела!

t

Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) веќе следната недела ќе почне со објавување на имињата на првите кандидати за градоначалници за претстојните локални избори кои ќе се одржат во втората половина на 2025 година. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Делчево најави дека до крајот на јуни ќе бидат познати речиси сите кандидати на партијата.

„Во текот на неделата после 16 јуни ќе објавиме прва група кандидати – околу триесетина имиња за различни општини. До крајот на месецот ќе бидат објавени скоро сите кандидати“, изјави Филипче.

Во рамки на денешната посета, тој заедно со градоначалникот на Делчево изврши обиколка на повеќе инфраструктурни проекти, за кои нагласи дека се реализирани во времето на претходната влада предводена од СДСМ.

„Станува збор за капитални инвестиции кои значително го подобрија секојдневието на граѓаните. Реконструираната сала АСНОМ, новиот мост кој го олеснува сообраќајот низ градот, новата детска градинка што ќе згрижи над 100 деца, целосно обновениот градски пазар, како и модерната пречистителна станица финансирана преку швајцарски проект и поддржана од тогашната влада“, истакна Филипче.

Тој додаде дека овие проекти се пример за вистинска поддршка на локалната самоуправа, за разлика од, како што рече, моменталната влада која, според него, го запоставила Делчево.

„Очигледно е дека Делчево е целосно маргинализирано под оваа власт. Жалам што гледаме политичка сегрегација – општините се вреднуваат по тоа кој партиски кадар е градоначалник, а не според реалните потреби на граѓаните. Тоа не е фер“, потенцираше лидерот на СДСМ.

Посетата на Делчево заврши со средба со дел од членството на СДСМ, каде Филипче уште еднаш ги потврди заложбите на партијата за развој на локалните заедници и рамномерен регионален напредок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…

Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…

Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…

Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…

СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…

Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…

Савески да постапи по кривичните пријави од…

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената…